Со натпреварите Галатасарај – Челси и Шалке – Реал Мадрид ќе се комплетира осминафиналната фаза во Лигата на Шампиони.

Иако германско – шпанските пресметки секогаш носат големи возбудувања овој пат во фокусот ќе биде дуелот меѓу турскиот гигант Галатасарај и премиерлигашкиот тим на Челси.

Овој меч ќе биде фокусот поради фактот дека предводници на Галатасарај се Дидиер Дрогба и Весли Снајдер фудбалери кои своите ѕвездени моменти во фудбалот ги минале под палката на Жозе Мурињо, кој е моментален менаџер на „сините“.

Тој секогаш останува во добар однос со поранешниоте фудбалери кои ги водел, а односнот со Дрогба и Снајдер е повеќе од другараски, но тоа нема да важи на теренот.

Мх.П.