Македонскиот првак Вардар беше на прагот на сезнација, но со два гола примени во судиското надополнување со пораз од 3-2 се враќа во Македонија.


Белорускиот БАТЕ Борисов имаше предност од 1-0 по првите 45 минути со голот на Мажолевски во финишот на првиот дел.

“Црвено-црните“ направија комплетен пресврт со погодоците на Костовски во 53 и Стјепановиќ во 62 минута.

Но бедемот пред голот на Захов, попушти во судиското надополнување. Прво во 92 минута Родионов го изедначи резултатот, а во 94 минута го постигна погодокот за победа.

Реванш мечот се игра на 25 јули на националната арена “Филип Втори“.

М.П.