Неколкукратните шампиони на Европа, Реал Мадрид и Баерн Минхен максимално го искористија домашниот терен победувајќи ги Наполи (3-1) односно Арсенал (5-1) во првите мечеви од осминафиналето во Лигата на Шампиони.


„Баварците“ се на чекор трет пат да му пресудат на „топчиите“ во осмифиналето после убедливата победа на домашен терен. Германците поведоа со евроголот на Робен во 11-та минута, а Алексис Санчез после половина час игра израмни 1-1. Вистинска доминација домаќините демонстираа во вториот дел кога мрежата на противникот ја погодија три пати. Во 53-та минута Левандовски погоди за ново водство, а на 3-1 зголеми Алкантара после три минути. Шпанецот во 63-та минута со вториот гол донесе 4-1, а Милер во финишот ја комплетираше петардата.


Наполи со итриот гол на Инсиње поведе на Сантијаго Бернабеу рано уште во 8-та минута. Водечкиот гол на „азурите“ делуваше отрезнувачки за „кралевите“ кои до полувремето преку Бензема изедначија. Во вториот дел Крос со одмерен удар направи комплетен пресврт, а триумфот го завери Касемиро.


Натпреварите продолжуваат следната недела со преостанатите четири мечеви од осмифиналната програма во ЛШ.

OhridNews