Ракометарите на Вардар загубија и во реваншoт од четвртфиналето во Лигата на шампиони од полскиот претставник Кјелце и не успеаја да обезбедат пласман на „фајнал фор“ турнирот во Келн. Вардарци повторно загубија со два разлика, овојпат 33:31. Со иста разлика Кјелце славеше и во Скопје пред осум дена.

Мечот мина во израмнета борба, во која домаќините беа поприсебни, го диктираа темпото и успеаја да ја одржат минималната предност до крај, а која ја имаа речиси во текот на целиот меч. Вардар на неколку пати израмнуваше, дури и поведе, но немаше сили, ниту доволно спортска среќа за нешто повеќе.

Најефикасен играч на мечот беше бекот на Вардар Душебаев кој постигна 9 голови.

Кјелце – Вардар 33-31 (16-14)

Кјелце: Шмал 6 одбрани, Шего 2 одбрани, Бјелецки 8, Јурецки 6, Зорман 5, Бунтиќ 4, Агинагалде 3, Чупиќ 3, Штрлек 3, Росински 1, Храпковски, Грабарчик, Јахиевски, Муса, Реихман, Ткачик.

Вардар: Штербик 6 одбрани, Милиќ 6 одбрани, Душебаев 9, Караичќ 7, Горбок 5, Дибиров 2, Прибак 2, Шишкарев 2, Тоскиќ 2, Брумен 1, Стоилов 1, Абутовиќ, Чипурин, Лазаров, Марковиќ, Терзиќ.

OhridNews 
фото:РК Вардар