Два фанови на лондонските сини се прободени со нож во Истанбул во пресрет на дуелот меѓу Галатасарај и Челси во Лигата на Шампиони.

Англиските медиуми пренесуваат оти нападот на навивачите на Челси не бил испровоциран и оти покрај ножеви се користеле и шишиња.

Ваквите сцени во Истанбул за момент потсетија на 2000 година кога еден навивач на Арсенал почина откако беше до смрт претепан на дуелот со Галатасарај во 1/2 финалето од Купот на УЕФА.

Мх.П.