Бранителот на трофејот во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид успешно ја заврши својата работа во Амстердам победувајќи го Ајакс со 2-1 во првиот меч од осминафиналето. Победата и големата предност на „кралевите“ ја искористи Серхио Рамос, кој во финишот намерно направи жолт картон за да паузира во реваншот и да избегне евентуална суспензија во 1/4 финалните мечеви.

  • Ќе излажам ако речам дека картонот не го добив намерно. Не сакам да делувам потценувачки, но картонот го добив свесно. Не сметам дека работата е готова и оти сме пласирани во четвртфиналето, но ми треба одмор. Јас ќе ги бодрам играчите од трибините. – изјави Серхио Рамос.

Дисциплинската комисија на УЕФА треба да оствари истрага и да го казни Серхио Рамос за неспортски потег. Сезонава, УЕФА го крена гласот против намерно добивање на картони казнувајќи го Корона со два мечеви за иста ситуација како Серхио Рамос.

Акумулираните картони се бришат после осминафиналната фаза, но ако играч добие суспензија ќе мора да паузира. Серхио Рамос со овој потег ги исчисти картоните и без закана за суспензија ќе ги почне 1/4 финалните натпревари ако Реал Мадрид на домашен терен ја задржи предноста од првиот меч.

OhridNews