По организирањето на заедничко гледање на мечевите од македонската репрезентација во фудбал, кошарка и ракомет тимот од Beach&bar Cuba Libre отиде чекор напред и следење во живо обезбеди од дуелот меѓу Барселона и Баерн Минхен во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони.

Beach&bar Cuba Libre на едно место ги собра навивачите на германскиот гигант Баерн Минхен од Охрид, Струга, Кичево, Штип, Демир Хисар и Ресен.

Во текот на мечот несебично се навиваше и се стискаа палци се со една цел, а тоа е пласман на Баерн Минхен во финалето од Лигата на Шампиони.

Покрај високиот пораз на нивните миленици фановите на Баерн Минхен во Beach&bar Cuba Libre заслужија чиста десетка.

  Мх.П.

Beach&bar Cuba Libre