Фудбалерите на Севиља направија несекојдневен подвиг пред своите гледачи против Ливерпул во Лигата на Шампиони, откако извлекоа реми (3-3) иако имаа негатива 3-0 после првиот дел.
„Црвените“ од Енфилд фантастично прво полувреме го најавија со голот на Роберто Фирмињо во втората минуата од мечот. После 22 минути игра Ливерпул ја дуплираше предноста со погодокот на Садио Мане. Во 30-та минута Фирмињо со вториот гол на дуелот донесе убедливо водство 3-0. Андулузијците во второто полувреме немаа што да загубат и токму така одиграа. Фрлија се на нападот и до 60-та минута успеаја да надохнадат два голови од негативата. Третиот изедначувачки погодок го постигнаа во судиското продолжение и спречија осминафинална промоција на Ливерпул.
Лидерот во Серија А, Наполи остана во игра за пласман на втората позиција победувајќи го Шахтјо Доњецк (3-0), за разлика од Борусија Дортмунд која ги изгуби сите шанси после поразот од Тотенхем (2-1).
„Азурите“ речиси еден час бараа начин да го скршат бедемот пред голот Андриј Пјатов. Решение најде Лоренце Инсиње кој го отвори резултатот. После водечкиот гол „наполитанците“ погодија уште два пати преку Пиор Жилински и Дрејс Мертенес за сигурна победа.
„Милионерите“ со гол го отворија мечот, но „петлите“ во продолжението погодија два пати што значеше точка за сите надежи за германците за пласман понатаму. Со трите бодови Тотенхем ја осигура првата позиција во групата.
Резултати:
Група Е: Спартак Москва – Марибор 1-1, Севиља – Ливерпул 3-3
Табела: Ливерпул 9, Севиља 8, Спартак 6, Марибор 2.
Група Ф: Мен Сити – Феенорд 1-0, Наполи – Шахјтор Доњецк 3-0
Табела: Мен Сити 15, Шахјтор 9, Наполи 6, Феенорд 0.
Група Г: Бешикташ – Порто 1-1, Монако – Лајпциг 1-4
Табела: Бешикташ 11, Порто 7, Лајпциг 7, Монако 2
Група Х: АПОЕЛ – Реал Мадрид 0-6, Борусија Дортмунд – Тотенхем 1-2
Табела: Тотенхем 13, Реал Мадрид 10, Борусија Дортмунд 2, АПОЕЛ 2
OhridNews