Еден од четирите англиски преставници во Лигата на Шампиони, Арсенал направи неверојатен пропуст при пријавувањето на играчите за најеминетното натпреварување во Европа.


Францускиот напаѓач Оливие Жиру се повреди пред почетокот на мечевите во ЛШ и тогаш „топчиите“ не го пријавија за натпреварите од групната фаза.

Робусниот фудбалер на терените се врати побрзо од очекувањата и тоа со погодок во дерби средбата со Манчестер Јунајтед на „Емирати“.

Жиру нема право за настап на последните два меча за Арсенал со Дортмунд дома и со Галатасарај во гости, а потоа се зависи Арсен Венгер, кој го крои составот.

Мх.П.