Манчестер Сити во неверојатен натпревар со неколку пресврти го совлада Монако со 5-3, додека Атлетико Мадрид на гостински терен забележа голема победа (4-2) над Баер Леверкузен во првите мечеви од осминафиналето во Лигата на Шампиони.


„Граѓаните“ и „кнезовите“ одиграа меч за паметење и прераскажување на Етихад. Стрелците постигнаа вкупно осум голови, а водството се менуваше три пати. Домаќините имаа предност 1-0, а негатива 1-2 и 2-3, но со три голови направија комплетен пресврт за триумф 5-3.


„Јорганџиите“, пак, лесно го најдоа лекот за „фармацевтите“ кои одново ќе се „сопнат“ на шпанскиот состав. Гостите од Винсенте Калдерон го контролираа резултатот водејќи во текот на целиот натпревар и недозволувајќи му на домаќинот нешто повеќе.

Првите осминафинални натпревари во Лигата на Шампиони ќе се комплетираат со мечевите меѓу Порто – Јувентус и Севиља – Лестер.

OhridNews