Двата од четирите преставници на англискиот фудбал во Лигата на Шампиони, Челси и Арсенал претрпеа порази од Порто 2-1 односно Олимпијакос 3-2.
„Сините“ оружјето го положија на „Драгао“ губејќи од домаќинот 2-1. Порто го отвори резултатот со голот Андре Андре, пред крајот на првиот дел изедначи Вилијан од слободен, а погодокот вреден победа го постигна Маикон во почетните минути од второто полувреме.
„Топчиите“ и во вториот натпревар во ЛШ остана со празни раце откако бодовите од „Емирати“ ги однесе грчки Олимпијакос со победата 3-2. Домаќините имаа два пати негатива, но успеваа да се вратат во игра, а после третиот погодок немаа сила и го претрпеа вториот пораз по оној во Загреб од Динамо.
Двата ривали од Манчестер во мечевите од среда ќе имаат шанси да ја одбранат англиската чест иако ЛШ ја отворија со порази од Јувентус односно ПСВ Ајндховен.
Резултати :
Група Е: Барселона-Баер Леверкузен 2-1, БАТЕ Борисов-Рома 3-2.
Табела : Барселона 4, Леверкузен 3, БАТЕ Борисов 3, Рома 1.
Група Ф: Баерн Минхен-Динамо Загреб 5-0, Арсенал-Олимпијакос 2-3.
Табела : Баерн Минхен 6, Олимпијакос 3, Динамо Загреб 3, Арсенал 0.
Група Г: Макаби Тел Авив-Динамо Киев 0-2, Порто-Челзи 2-1.
Табела : Динамо 4, Порто 4, Челси 3, Макаби 0.
Група Х: Олимпик Лион-Валенсија 0-1, Зенит-Гент 2-1.
Табела : Зенит 6, Валенсија 3, Гент 1, Лион 1.
Мх.П.










