Италијанскиот стручњак Антонио Конте нема по добро да го памети гостувањето во Рим со својот тим Челси, откако претрпе висок пораз (3-0) од Рома на „Олимпико“ во дербито на колото во Лигата на Шампиони.

„Џалоросите“ уште во првата минута со голот на Стефан Ел Шарави најавија кобна ноќ за „сините“. Истиот фудбалер во 36-та минута зголеми на 2-0, додека конечните 3-0 ги постави Диего Пероти после еден час игра.

 

Со триумфот фудбалерите на Рома се искачија на врвот во Ц групата, додека среќна околност за Челси беше разочарувачкото реми на Атлетико Мадрид пред своите гледачи со Карабах (1-1).

Манчестер Јунајтед со победа над Бенфика (2-0) на Олд Трафорд го задржа максималниот ефект во А групата. „Црвените ѓаволи“ до триумфот стигнаа со головите на Немања Матиќ во финишот од првиот дел и со Дејли Блинд од пенал во второто полувреме. 

Резултати: 

Група А: Мен Ју – Бенфика 2-0, Базел – ЦСКА Москва 1-2

Табела: Мен Ју 12, Базел 6, ЦСКА 6, Бенфика 0

Група Б: Селтик – Баерн Минхен 1-2, ПСЖ – Андерлехт 5-0

Табела: ПСЖ 12, Баерн Минхен 9, Селтик 3, Андерлехт 0

Група Ц: Рома – Челси 3-0, Атлетико Мадрид – Карабах 1-1

Табела: Рома 8, Челси 7, Атлетико 3, Карабах 1 

Група Д: Спортинг – Јувентус 1-1, Олимпијакос – Барселона 0-0

Табела: Барселона 10, Јувентус 7, Спортинг 4, Олимпијакос 1.

OhridNews