По одличното делење на правдата на мечот Бате Борисов – Баерн Минхен, најдобриот македонски фудбалски судија Александар Ставрев заедно со неговите помошници Дејан Костадинов и Душко Милошевски добија нова задача да го судат мечот помеѓу Јувентус и Нордсјеланд во четврта рунда од Лигата на Шампиони.


Дополнителни помошници на Ставрев зад головите ќе бидат Димитар Мечкаровски и Горан Спирковски.

Натпреварот од четвртата рунда Јувентус – Нордсјеланд е закажан за в среда 7 ноември во 20:45 часот.

Мх.П.