Серијата победи на Ракометниот клуб Вардар продолжи и во првата рунда од главната фаза во Лигата на Шампиони. „Црвено црните“ пред своите гледачи со 29-23 (15-9) славеа над Мец и го запишаа десеттиот бод на табелата.

„Вардарки“ поголем дел од дилемите околу победникот ги решија во првиот дел кој го завршија со предност од шест голови (15-9). Во второто полувреме ракометарките на Вардар го задржаа водството и ја продолжија серија победи во ЛШ.

Со триумфот Вардар се одлепи на врвот од табелата со десет бодови и само чудо во главната фаза може да им го одземе лидерското место во групата.

Најпрецизна во составот на Вардар со седум погодоци беше Драгана Цвијиќ, шест реализираше Андреа Пенезиќ, а на 4 застана Андреа Лекиќ. Кај гостинските најефикасна беше Хелена Сајка со шест погодоци.

OhridNews