Европската куќа на фудбалот УЕФА или поточно италијанецот Пјерлујџи Колина го делегираше најдобриот македонски судија Александар Ставрев да води меч од второто коло во Лигата на Шампиони.

Македонската шесторка предводена од Ставрев ќе го суди натпреварот помеѓу Бате Борисов и Баерн Минхен. Помошници на Ставрев му се Костадинов и Кировски, зад головите Мечкароски и Спиркоски додека четврти судија е Ширилов.

Минатата сезона Ставрев во групната фаза од Лигата на Шампионите го водеше мечот на Ноум Камп помеѓу Барселона и Плзен.

Мх.П.