Иако до последен момент имаше најави дека германските власти ќе дозволат одигрување на натпреварот Фленсбург – Вардар, истиот е одложен, соопштија денес од таборот на македонскиот првак. 

Причината за одложувањето е последното гостување на Вардар 1961 во Португалија. Бидејќи Португалија е во „црвена зона“ германските власти бараат тимот на Вардар 1961 да биде во карантин доколку пристигне во Германија.

Планирано беше натпреварот Фленсбург – Вардар да се одигра на 11 февруари во 18:45 часот во Германија. За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи.

Претходно, одложен беше мечот помеѓу Пари Сент Жермен – Вардар, кој требаше да се одигра на 9 февруари.

OhridNews