
Како по правило кога Ливерпул стига во полуфиналето, негов противник се сините од Лондон. Успеаа сините да го премостат турскиот Фенербахче, па фановите се надеваат на трета среќа во дуелите со Ливерпул. Го нема контраверзниот Мурињо на клупата, па останува на здодевниот Грант да го скрши малерот. Турскиот шампион Фенербахче со високо подигната глава го напушта натпреварувањето.

Без примен гол и со три во противничката мрежа најголемиот фаворит за освојување на трофејот “црвените ѓаволи“ влегуваат во полуфиналето на екипите кои немаат пораз во овогодинешната Лига на Шампиони.
Каталонската Барса ќе треба многу повеќе да покаже во колку сака да се најде во големото финале на 21 Мај во Москва. Немаат многу време каталонците да ги консолидираат своите редови, но во секој случај рано е за нивно отпишувањае.

Втора година по ред три англиски претавника ќе играат во полуфиналето на лигата на шампиони. Минатата сезона честа на европа ја одбрани Милан, ќе успее ли Барса да го повтори тоа или после три години повторно на пиедесталот ќе се искачи премиер – преставник ! !










