Без победник 2-2 заврши првата пресметката меѓу Рапид и Ајакс во третата рунда од квалификациите за Лигата на шампиони. На двата тима и припадна по едно полувреме. По одличните први 15 минути, фудбалерите на Рапид ја препуштија играта на “црвено-белите“ кои лесно со головите на Класен стигнаа до убедлива предност на полувремето.
Паузата беше добредојдена за домаќините кои само по две минути игра намалија на 2-1 преку Каинц, по одличното додавање на Берич. Во моментите кога се играше изедначно на теренот летаа искри, а настрада Шауб кој непромислено стартуваше и заработи директен црвен картон.
Но ниту исклучувањето не ги поколеба домаќините кои и со играч помалце продолжија да напаѓаат. Плод на таквата игра дојде во 76 минута кога Берич по втор пат ја затресе мрежата на Чилесен.
Во финишот на мечот гостите притиснаа но Новота не дозволи да се тресе неговата мрежа.
Реванш мечот се игра за седум дена во Амстердам
М.П.