Екипата на Вардар ја задржа првата позиција во Б групата совладувајќи го Пик Сегед по голема борба со 23-21 (12-11) во 11-та рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.


„Црвено црните“ одиграа меч со многу осцилации, а единствено стандарден во сите шеесет минути беше Арпад Штербик кој имаше 14 успешни одбрани.

Вардар два пати во првото полувреме имаше предност од три голови (9-6 и 12-9), но им дозволи на домаќините да се вратат во игра во финишот од полувремето (12-11).

Во вториот дел Пик Сегед го презеде водството (15-14), но тогаш шампионот на Македонија покажа квалитет и карактер и го сврте мечот во своја полза за победа (23-21.

Играч на мечот беше Штербик, но кога беше најпотребно прецизни беа Тимур Дибиров и Игор Карачиќ кои натпреварот го завршија со шест односно пет погодоци.

Вардар во 12-та рунда ќе сретне со Целје пред своите гледачи и се освен триумф ќе биде големо изненадување.

OhridNews