Натпреварите кои ќе се одиграат во групите А, Б, Ц и Д, во среда, ќе го комплетираат второто коло во фудбалската Лига на шампиони. Дерби натпреварот ќе се одигра во Мадрид, каде на Атлетико ќе му гостува Јувентус.
Во пресметката помеѓу шпанскиот и италијанскиот шампион, екипата на Атлетико нема право на грешка, бидејќи во првото коло непланирано ги загуби бодовите во Атина.
Јувентус од друга страна, во ЛШ стартуваше со победа над Малме и веројатно ќе биде задоволен и со еден освоен бод во Мадрид. Јувентус има одличен старт во сезоната, сè уште нема пораз, а Карлос Тевез игра во голема форма.
Вториот меч кој привлекува внимание ќе се одигра во Лондон, Арсенал ќе го пречека Галатасарај, во чии редови од оваа сезона се наоѓа и Горан Пандев.
Арсенал во првото коло загуби во Дортмунд, додека Галатасарј на домашен терен во последните моменти освои еден бод против Андерлехт.
Двојки :
Група А: Атлетико Мадрид-Јувентус (20:45 ч), Малме-Олимпијакос (20:45 ч)
Група Б: Базел-Ливерпул (20:45 ч), Лудогорец-Реал Мадрид (20:45 ч)
Група Ц: Зенит-Монако (18 ч), Баер Леверкузен-Бенфика (20:45 ч)
Група Д: Арсенал-Галатсарај (20:45 ч), Андерлехт-Борусија Дортмунд (20:45 ч).
„Макфакс“