Трикратниот европски првак Манчестер Јунајтед по една година пауза се врати во Лигата на Шампиони откако успешно го мина Клуб Бриж во квалификациите со вкупен резултат (7-1).
Позитивата 3-1 од првиот натпревар „црвените ѓаволи“ ја капитализираа во нова победа 4-0. Капитенот Вејн Руни со три погодоци го прекина гол постот, а четвртиот гол беше дело на Андер Ерера.
Српскиот фудбалски шампион Партизан не успеа да обезбеди пласман во групната фаза од ЛШ. „Црно белите“ пред своите гледачи победија 2-1 против БАТЕ Борисов, но примениот погодок им пресуди во желбите за пласман во елитата.
Резултати : АПОЕЛ – Астана 1-1 (0-1), Бриж – Мен Ју 0-4 (1-3), ЦСКА Москва – Спортинг 3-1 (1-2), Баер Леверкузен – Лацио 3-0 (0-1), Партизан – БАТЕ Борисов 2-1 (0-1).
Во заградите се резултатите од првите натпревари, а ждребката за изгледот на групите во ЛШ е во четврток во 18 часот.
Мх.П.