Градот и навивачите на Наполи се на нозе и со нетрпение го очекуваат реваншот на нивните фудбалери со Европскиот првак Реал Мадрид во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.
„Азурите“ во првиот меч претрпеа пораз 3-1, а голот постигнат на Сантијаго Бернбеу им дава надеж за нешто повеќе во реваншот кој ќе се одигра вечерва на „Сан Паоло“ стадионот.
„Кралевите“ имаа пеколен пречек во Наполи, откако клупскиот автобус со полициска помош се проби во хотелот. Истата атмосфера со сигурност ќе се повтори на трибините и ќе биде вистинско фудбалско уживање.
Во преостанатиот натпревар вечерва силите ќе ги одмерат Арсенал и Баерн Минхен. „Баварците“ во првиот осминафинален натпревар славеа со 5-1 и само чудо може да ги спаси „топчиите“ од елиминација.
Можни состави:
Наполи: Реина, Хисај, Кулибали, Албиол, Голум, Зиелински, Диавара, Хамшик, Каљехон, Мертенс, Инсиње
Реал Мадрид: Навас, Карвахал, Пепе, Рамос, Марсело, Крос, Касемиро, Модриќ, Бејл, Роналдо, Бензема
Арсенал: Оспина, Белерин, Мустафи, Кошчиелни, Монреал, Кокелан, Џака, Окслејд-Чембелејн, Ивоби, Волкот, Санчез.
Баерн Минхен: Улрајх, Рафиња, Мартинез, Алаба, Бернат, Кимих, Тијаго, Милер, Коста, Робен, Левандовски.
OhridNews