Дербито во третата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони ќе се одигра Ноу Камп каде ќе се сретнат екипи на Барселона и Манчестер Сити.
„Граѓаните“ кои од сезонава го имаат Пеп Гвардиола на клупата започнаа добро во Премиер лигата победувајќи на првите шест мечеви.
Но, поразот од Тотенхем и ремито со Евертон на Етихад покажа дека и составот на Гвардиола е ранлив.
За разлика од минатите сезони, каталонците имаат нешто побавен старт во Ла лига и по осум одиграни натпревари имаат два порази и реми.
Добра вест за Барселона пред мечот со Манчестер Сити е враќањето на Лионел Меси кој настапи на дуелот со Депортиво во националното првенство.
Во досегашните четири пресметки Барселона има исто толку победи, а „граѓаните“ се надеваат на прв позитивен резултат со шпанскиот првак.
Двојки:
Група А: Арсенал – Лудогорец, ПСЖ – Базел
Табела: ПСЖ 4, Арсенал 4, Лудогорец 1, Базел 1.
Група Б: Динамо Киев – Бенфика, Наполи – Бешиткаш
Табела: Наполи 6, Бешикташ 2, Динамо Киев 1, Бенфика 1
Група Ц: Барселона – Манчестер Сити, Селтик – Борусија Менхенгладбах
Табела: Барселона 6, Мен Сити 4, Селтик 1, Борусија Менхенгладбах 0
Група Д: Баерн Минхен – ПСВ Ајндховен, Ростов – Атлетико Мадрид
Табела: Атлетико Мадрид 6, Баерн Минхен 3, ПСВ 1, Ростов 1.
OhridNews