Двојно помалку погодоци на вечерашните натпревари од елитната Лига на Шампиони. Победникот од 2006 Барселона е единствениот тим кој по првите три кола има макисмален ефект.

Вицешампионот Челзи цели 80 минути се  мачеше да го сркши отпорот на Римската Волчица. Кога не успеаа напаѓачите тоа му појде од рака на  капитенот Џон Тери  кој го постигна голот вреден три бода.


Екипата на Бордо со автоголт на капитенот Каду го совлада најпријатното изненадување во групите романскиот преставник Клуж. За французите ова беа првите бодови во овогодинешната ЛШ

Табела: Челзи 7 бодови, Клуж 4, Рома 3,Бордо 3.

Наредно коло: Рома – Челзи, Клуж – Бордо.

Натпревар со 4 гола и два пресврти одиграа Панатинаикос – Вердер. Екипата на Вердер поведе со голот на Мертесакер, Панатинаикос направи целосен пресверт со двата голови на Мантицос, додека во финишот на натпреварот Хуго Алмеида ги постави конечните 2-2.


Нероазурите ја продлжија одличната форма совладувајќи го Анортозис (1-0) со голот на Адријано во првиот дел од на натпреварот.

Табела: Интер 7 бодови, Анортизис 4, Вердер 3, Панатинаикос 1.

Наредно коло: Анортозис – Интер, Вердер – Панатинаикос

Гостите се радува на натпреварите во Ц групата, Барселона го декласираше Базел со 0-5. На два пати Кркич, а по еднаш погодија  Меси, Чави и Бургос.


Спортинг напарви голем чекор кон обезбедување на пласман во елиминациската фаза откако го совлада Шакјтор со 1-0 стрелец на голот беше Леидсон.

Табела: Барселона 9 бодови, Спортинг 6, Шакјтор 3, Базел 0.

Наредно коло: Барселона – Базел, Спортинг – Шакјтор.

Дербито во Д групата на Винсенте Калдерон помеѓи Атлетик и Ливерпул заврши нерешно 1-1. Црвените први дојдоа во водство во првиот дел преку Роби Кин. Симао во финишот ги постави конечните 1-1.


Со двата погодоци на Ковермас, ПСВ стигна до првите бодови во групата.

Табела: Ливерпул 7 бодови, Атлетико 7, ПСВ 3, Марсеј 0.

Наредно коло: Ливерпул – Атлетико, Марсеј – ПСВ. 

М.П.