Мултимилионскиот проект Пари Сент Жермен во Загреб против истоимената екипа го покажа сиот свој потенцијал победувајќи го домаќинот со високи 28-20 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Шампиони.
„Светците“ предводени од триото Хансен, Вори и Карабатиќ кое искомбинира 20 погодоци во преполната Арена ја оправдаа фаворитската улога и зачекорија кон фајнлфорот во Келн.
Пораз на домашен терен претрпе и Вардар откако изгуби 29-26 од унгарскиот Веспрем кој заедно со ПСЖ е во потесниот круг за титулата годинава.
Резултати: Вардар – Веспрем 26-29, Флензбург – Киелце 28-28, Загреб – ПСЖ 20-28, Кил – Барселона (19:30ч).
OhridNews