Магичниот погодок на Тимур Дибиров во триумфот на Вардар над Фленсбург (26-24) на руското лево крило му донесе награда за најубав погодок, додека Арпад Штербик за блескавото издание на голот се најде во тимот на колото во првите четвртинални натпревари.
Дибиров со погодокот од зглоб го запечати триумфот на „црвено црните“ во Германија кој со 16 успешни интервенции го најави „Арпад Велики“. Една од неговите одбрани се најде во ТОП 5 изборот кои можете да ги погледнете тука.
Петте голови кои ја одбележаа првата фаза во четвртфиналето можете да ги погледнете тука, а изборот за тимот на колото тука.
Идеалниот тим:
Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)
Лев бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
Среден бек: Арон Палмарсон (Веспрем)
Десен бек: Марко Вујин (Кил)
Десно крило: Никлас Екберг (Кил)
Пикер: Лудовиг Фабрегас (Монпеље)
Голман: Арпад Штербик (Вардар)
OhridNews