Македонскиот интернационалец Горан Пандев и Галатасарај претрпеа пораз 4-1 од Арсенал на „Емирати“ во втората рунда од Лигата на Шампиони.
Три од четирите погодоци постигна аквизицијата од Манчестер Јунајтед, Дени Велбек, а еден реализираше Алексис Санчез. Почесниот погодок за турците беше дело на Бурак Јилмаз од белата точка.
Резултати :
Група А : Атлетико Мадрид-Јувентус 1-0, Малме-Олимпијакос 2-0
Група Б: Базел-Ливерпул 1-0, Лудогорец-Реал Мадрид 1-2
Група Ц: Зенит-Монако 0-0, Баер Леверкузен-Бенфика 3-1
Група Д: Арсенал-Галатсарај 4-1, Андерлехт-Борусија Дортмунд 0-3.
Мх.П.