По одигрувањето на реваншите во четвртфиналето познати се четирите екипи учеснички во 1/2 финалето во Лигата на Шампиони. Барселона, Ливерпул, Ајакс и Тотенхем се екипите кои ќе се борат за влез во финалето.
Полуфиналните пресметки започнуваат на 30 април во Лондон со дуелот помеѓу Тотенхем и Ајакс, ден подоцна на Ноу Камп силите ќе ги одмерат Барселона и Ливерпул.
Реваншите од полуфиналните натпревари се играат недела дена подоцна. Ливерпул на 7 мај ќе ја нагости Барселона, додека Ајакс на 8 мај ќе го пречека Тотенхем на Арената Јохан Кројф.
Финалето се игра на 1 јуни.
Распоред:
30 април: Тотенхем – Ајакс
1 мај: Барселона – Ливерпул
7 мај: Ливерпул – Барселона
8 мај: Ајакс- Тотенхем
OhridNews