Караницата на тренерите од Ливерпул и Баерн Минхен, Јирген Клоп односно Нико Коваќ после натпреварот го одбележа првиот осминафинален натпревар на Енфилд во рамките од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. До неа стигнало поради недоразбирање на двајцата тренери и различни принципи во англискиот и германскиот фудбал.

  • Сакав да му пуштам рака, но тој ме остави да седам како вол. Ми се извини и ми рече дека сакал да разговара со Рибери кој стана татко. Рибери по петти пат е татко и не е така возбудливо. – низ смеа ја прокоментира ситуацијата Клоп.

Поранешниот хрватски селектор додаде дека принципите во Германија се различни и секогаш тренерот се поздравува со своите играчи, а потоа со противничкиот тренер. – Во Германија прво се честита на своите играчи, но во Англија сме и овде е традиција прво да му подадеш рака на менаџерот. Му се извинав на Клоп и му реков дека во Минхен ќе се поздравиме во германски стил.

Првиот меч заврши без голови и без победник, а на реваншот на Алинац арената ќе се одлучи патникот во 1/4 финалето. Натпреварот се игра на 13 март.

OhridNews

ЛШ: Непопуларно реми во Ливерпул и Лион