Португалскиот првак Порто против Базел пред своите гледачи без најдобриот фудбалер Џексон Мартинез ќе брка пласман во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.


Колумбискиот голгетер се повреди во редовното коло во португалското првенство и сигурно ќе биде голем хендикеп неговото отсуство.

– Ќе го немаме на располагање напаѓачот, кој постигна многу голови, но тој ни е неопходен бидејќи исто така работи многу за тимот. Мартинез е вистински пример за професионалец со карактер и многу ќе ни недостига. – рече Жулијан Лопетеги тренерот на Порто.

Местото во нападот ќе го заземе Кристијан Тељо, кој во Порто е на позајмица од Барселона, а се наоѓа во голгетерска форма.

Ohridnews