Карло Анчелоти се соочува со големи кадровски проблеми во пресрет на четвртфиналниот реванш во Лигата на шампионите во кој противник му е градскиот ривал Атлетико.


Анчелоти тимот ќе го составува без Лука Модриќ и Герет Бејл кои се повредија во саботата на првенствениот меч со Малага, додека левиот бек Марсело поради суспензија нема да конкурира за место во тимот.

Исто така под голем знак прашалник е и настапот на Карим Бензема, а Marca пишува дека „само доколку се случи чудо тој ќе биде подготвен за дуелот“. – пренесува „Макфакс“.

Првиот натпревар помеѓу градските ривали заврши без голови, што значи дека на Атлетико и нерешен резултат со постигнат гол ќе го однесе во полуфиналето. 

Ohridnews