Црвена Ѕвезда обезбеди поволно реми со Лудогорец играјќи 2-2 во Разград во првиот меч од третата квалификациска рунда за пласман во Лигата на Шампиони.


Домаќините и „црвено белите“ одиграа возбудлив и интересен натпревар. Лудогорец поведе со 1-0, белградските фудбалери возвратија со два голови, а во финишот домаќините стигнаа до реми 2-2.


„Делиите“ на реваншот во Белград на Рајко Митиќ стадионот ќе почнат со предност поради головите во гости, но тоа не значи ништо гледајќи го првиот натпревар комплетно.

Резултати: БАТЕ Борисов – Дундалк 1-0, Лудогорец – Црвена Ѕвезда 2-2, Спарта Прага – Стеауа 1-1, Партизани – Салзбург, Викторија Плзен – Карабах 0-0, Ростов – Андерлехт 2-2, Ајакс – ПАОК 1-1, Динамо Загреб – Динамо Тбилиси 2-0, Шахјтор – Јанг Бојс 2-0.

OhridNews