По реванш дуелите од второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите комплетирани се паровите за третото коло.

Охриѓанецот Гоце Толески и неговата Славија Прага, за влез во елитната лига на шампиони ќе мора да го минат италијанскиот преставник Фиорентина. Дерби меч на третото коло од квалификациите за ЛШ е Шалке 04 – Атлетико Мадрид . Победникот од 2006 Барселона во третото коло ќе игра со Висла, додека повратникот во ЛШ, Јувентус ќе го очекува тимот на Артмедиа. Ливерпул ќе игра против Стандард, Арсенал против холандскиот Твенте. Интересен се очекува да биде и дуелот меѓу Партизан и Фенербахче.

3.коло квалификации ЛШ:
Анортозис – Олимпијакос
Виторија – Базел
Шахтјор – Динамо Загреб
Шалке – Атлетико Мадрид
Алборг – Кауњас
Барселона – Висла Краков
Левски Софија – Бате Борисов
Стандард – Ливерпул
Партизан – Фенербахче
Твенте – Арсенал
Спартак Москва – Динамо Киев
Јувентус – Петржалка
Фиорентина – Славија Прага
Галатасарај – Стеауа
Панатинаикос – Спарта Прага

Првите средби ќе се одиграат на 12 август, додека реваншите две недели подоцна.

ohridnews