Ракометниот шампион на Македонија, екипата на Металург, ги дозна имињата на противниците во квалификациската група, преку која ќе се обиде да обезбеди место во фазата по групи во Лигата на шампиони.

Металург како носител е сместен во Б групата заедно со Хаслум (Норвешка), Полтава (Украина) и Хард (Австрија).

Избраниците на Лино Червар во првиот меч ќе играат против Хард, со победа тие против победникот од мечот помеѓу Хаслум и Полтава ќе се борат за влез во фазата по групи во Лигата на шампиони.

На ждрепката во Виена беа извлечени и останатите две групи во машка конкуренција.

Група А. Слога (БиХ), Партизан (Белград), Порто (Португалија), Ловќен (Црна Гора)

Група Ц: Констанца (Романија), Прешов (Словачка), Макаби (Израел), Бозен (Италија)

Четвртиот патник во фазата по групи, во Лигата на шампиони ќе биде победникот од двомечот помеѓу Бешикташ (Турција) и Динамо Минск (Белорусија).

Квалификациските дуели во Лигата на шампиони ќе се одиграат на 8 и 9 септември.

“макфакс“
Ohridnews