Италијанскиот стратег на клупата од Галатасарај, Чезаре Прандели го „отпиша“ Горан Пандев за дуелот со Борусија Дортмунд на „Сигнал Идуна Парк“.
Македонскиот интернационалец не ги оправда очекувањата на турскиот гигант откако беше доведен во последниот ден од преодниот рок.
Пандев сеуште нема ниту погодок, ниту асистенција во дресот на Галасатасарај затоа поранешниот селектор на „азурите“ го изостави од списокот.
По три одиграни натпревари турскиот преставник во ЛШ има едно реми и два порази додека „милионерите“ имаа 100% учинок во трите мечеви.
Мх.П.