Фудбалерите на Реал Мадрид со погодоци во самиот финиш од мечот го совладаа Спортинг со 2-1 додека дербито на колото во Торино, Јувентус без голови ремизираше со тимот на Севиља.
Португалскиот состав позитивен резултат на Сантијаго Бернабеу имаше до 89-та минута кога Кристијано Роналдо го изедначи резултатот.
Победата за „кралевите“ во судиското продолжение ја обезбеди шпанскиот репрезентативец Алваро Мората кој влезе од клупата.
„Старата дама“ на дуелот со шампионот од Лигата на Европа, Севиља мораше да се задоволи со бод, откако не успеа да најде начин да го пробие бункерот пред голот на шпанците.
Резултати:
Група Ц: Манчестер Сити – Борусија Менхенгладбах 4-0
Група Е: Баерн Леверкузен – ЦСКА Москва 2-2, Тотенхем – Монако 1-2
Група Ф: Легија – Борусија Дортмунд 0-6, Реал Мадрид – Спортинг Лисабон 2-1
Група Г: Клуб Бриж – Лестер 0-3, Порто – Копенхаген 1-1
Група Х: Јувентус – Севиља 0-0, Лион – Динамо Загреб 3-0
OhridNews