Ждрепката, подоцна и натпреварите во осминафиналето во Лигата на Шампионите со сигурност ќе донесат мега пресметки и многу возбудувања.


Меѓу екипите во првиот и вториот шешир нема никаква разлика според квалитет, бидејќи екипи како Реал Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ и Манчестер Сити завршија на втората позиција во групата.

Од ваквиот расплет во групната фаза тријат раце вистинските вљубеници во фудбалот, затоа што од 1/8 финалето ќе имаат дерби пресметки на менито.

Ждрепката за осминафиналните парови УЕФА ќе ја изврши во понеделник со почеток во 12 часот.

Прв шешир:

Арсенал

Наполи

Барселона

Атлетико Мадрид

Монако

Борусија Дортмунд

Лестер

Јувентус

Втор шешир:

ПСЖ

Бенфика

Манчестер Сити

Баерн Минхен

Баер Леверкузен

Реал Мадрид

Порто

Севиља

OhridNews