Пари Сент Жермен не само што не победи на дуелот со Каен (2-2) туку и загуби неколку првотимци за мечот со Челси во 1/8 финалето од Лигата на шампиони.
Францускиот репрезентативец Јохан Кабаје и Бразилецот, Маркињос ја напуштија играта предвреме, а после мечот на повреда се пожали и Лукас Мура.
Тројката повредени фудбалери се стандардни во составот на „светците“ и тренерот Лорен Блан ќе има сериозни проблеми за дуелот со „сините“.
Ohridnews