Францускиот гигант Пари Сент Жермен им се придружи на Веспрем, Киелце и Кил на завршниот турнир од Лигата на Шампиони кој се одржува во германскиот град Келн.
„Светците“ во четвртфиналниот двомеч го елиминираа хрватскиот шампион Загреб со вкупен резултат (60-52).
Французите во реваншот пред своите гледачи во возбудлив меч ремизираа со хрватите 32-32 и благодарение на победата од Загреб 28-20 обезбеди пласман на завршниот турнир.
Најпрецизен во составот на ПСЖ со седум голови беше Сергеј Онуфриенко, а на мечот беше Златко Хорват од Загреб со осум голови.
Фајнлфор турнирот во Келн по кој ќе се дознае новиот ракометен владетел на Европа ќе се одигра на 28 и 29 мај во Ланксес арената во Келн.
OhridNews