Италијанскиот првак, Јувентус и мултимилионскиот проект ПСЖ им се придружија на Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.


Водечкиот тим во француската лига, ПСЖ на реванш натпреварот пред своите гледачи ја одбрани предноста стекната на теренот од Валенсија кога победи 2-1. “Светците“ на “Паркот на Принцовите“ ремизираа 1-1 и обезбедија пласман во најдобрите осум.

Во водство екипата на Валенсија ја доведе Џонас во 55-та минута додека резултатот го изедначи Лавеци десет минути подоцна

Избраниците на тренерот Антонио Конте со победа на домашен терен 2-0 над Селтик го заверија пласманот во следната фаза.

Поголем дел од работата “бјанконерите“ завршија во првиот натпревар кога триумфираа со убедливи 3-0.

Четирите места во четвртфиналето ќе ги пополнат победниците од дуелите Барселона – Милан (0-2), Баерн Минхен – Арсенал (3-1), Малага – Порто (0-1), Шалке – Галатасарај (1-1).

Мх.П.