Фудбалерите на Пари Сент Жермен забележаа голема победа над Барселона во првиот меч од осмифиналето во Лигата на Шампиони совладувајќи ја со убедливи 4-0.
„Светците“ го растурија во буквална смисла шпанскиот првак на „Паркот на принцовите“ кој воопшто не наликуваше на себе.
Магичната ноќ во Париз ја најави Анхел ди Марија со голот од слободен удар во 13-та минута. Во 39-та минута Јулијан Дракслер го дуплираше водството.
На стартот од вториот дел Ди Марија со вториот гол на мечот зголеми на 3-0, а натпреварот за паметење го заокружи Едисон Кавани во 72-та минута.
Предноста на домашен терен во првиот осминафинален натпревар ја искористи и Бенфика која славеше со минимални 1-0 против Борусија Дортмунд. „Милионерите“ имаа игра и шанси, но не најдоа начин да го совладаат домашниот голман кој успеа да скроти и удар од белата точка.
Возбудувањата во ЛШ продолжуваат в среда со мечевите меѓу Баерн Минхен – Арсенал односно Реал Мадрид – Наполи.
OhridNews