Хрватскиот ракометен шампион Загреб пред своите гледачи успеа да го совлада фаворизираниот тим на ПСЖ со минимални 25-24 (14-13).
Домаќините со борба игра до последниот здив го надополнија квалитетот кои го поседуваа „дрим тимот“ на ПСЖ.
Предноста од еден погодок на полувремето ракометарите на Загреб ја зачуваа и извојуваа голема победа над мултимилионскиот проект.
За хрватските ракометари ова е втора сензационална победа откако исто пред своите гледачи го совладаа европскиот вицешампион Кил.
Загреб со триумфот изби на третата позиција на табелата и е пред обезбедување на пласман во нокаут фазата од ЛШ.
Мх.П.