Бранителот на трофејот во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид и англискиот премиерлигаш Ливерпул се првите патниците помеѓу најдобрите осум на стариот континент. „Кралевите“ во осминафиналето глатко со две победи и со вкупен резултат (5-2) го елиминираа амбициозниот Пари Сент Жермен, додека „црвените“ од Енфилд лесно се справија со Порто.

„Светците“ не само што немаа сили, туку нивната игра не влеваше ниту надеж за елиминација на Европскиот шампион. Реал Мадрид на стартот од второто полувреме поведе со голот на Роналдо и ја зголеми предноста. Да биде задачата за домаќините уште потешка се погрижи Марко Верати кој доби црвен картон.

Сепак, трошка надеж за поволен резултат донесе Едисон Кавани кој среќно ја погоди мрежата на Кејлор Навас. Сите дилеми во двомечот ги реши Касемиро кој со помош на Маркињос ја погоди мрежата на „светците“ за победа и сигурен пласман понатаму.

Ливерпул ремизираше без голови 0-0 пред своите гледачи во реваншот со Порто, но имаше фантастична предност 5-0 од првиот меч. Германскиот стручњак ротираше во составот и не погреши, бидејќи неговите избраници ја задржаа предноста и обезбедија четвртфинална виза.

Во мечевите кои се на програмата во среда ќе се судрат Тотенхем – Јувентус (2-2) односно Манчестер Сити – Базел (4-0).

OhridNews