Познати се екипите учеснички во осминафиналето од А-Д сегментот по одигрувањето на шестата рунда во групната фаза од Лигата на Шампиони.
Во групата Б, каде се очекуваше голема драма, не се случи ништо. Бешикташ претрпе убедлив пораз од Динамо во Киев (6-0), и заврши на третата позиција, додека во борбата за лидерското место Наполи победи, откако со (2-1) ја совлада Бенфика.
Францускиот шампион, Пари Сент Жермен си играше со оган и се изгоре и го изгуби првото место во А групата после ремито (2-2) со Лудогорец на домашен терен. Киксот на „светците“ со две раце го прифати Арсенал кој го декласираше Базел на „Сент Јакоб“ стадионот победувајќи го (4-1). Ремито во Париз на бугарите им донесе пласман на третата позиција, односно место во Лигата на Европа.
Дерби средбата за престиж меѓу Баерн Минхен и Атлетико Мадрид во Д групата им припадна на домаќините со минимални 1-0. Стрелец на единствениот погодок беше Роберт Левандовски кој погоди маестрално од слободен удар. Составот на Ростов издржа во Холандија ремизирајќи без голови 0-0 со ПСВ и се пласираше на третата позиција која носи пролет во Лигата на Европа.
Резултати:
Група А: ПСЖ – Лудогорец 2-2, Базел – Арсенал 1-4
Табела: Арсенал 14, ПСЖ 12, Лудогорец 3, Базел 2.
Група Б: Бенфика – Наполи 1-2, Динамо Киев – Бешикташ 6-0
Табела: Наполи 11, Бенфика 8, Бешикташ 7, Динамо Киев 5
Група Ц: Барселона – Борусија Менхенгладбах 4-0, Мен Сити – Селтик 1-1
Табела: Барселона 15, Мен Сити 9, Борусија Менхенгладбах 5, Селтик 3.
Група Д: Баерн Минхен – Атлетико Мадрид 1-0, ПСВ – Ростов 0-0
Табела: Атлетико Мадрид 15, Баерн Минхен 12, Ростов 5, ПСВ 2
OhridNews