Индивидуалните награди после победите на машкиот и женскиот состав на Вардар во Лигата на Шампиони станаа секојдневие. Овој пат меѓу најдобрите место имаше за Јованка Радичевиќ, Амандин Лејно, Дијана Илина и Арпад Штербик.
Десното крило Радичевиќ со деветте погодоци во триумфот над Турингер си обезбеди место во најдобрите три ракометарки, додека Лејно со одбрана и Илина со гол се најдоа во изборот за најдобрите. На Радичевиќ во трите ѕвезди друштво и прават Аурелија Брадеану (Букурешт) и Вероника Кристијансен (Митјиланд).
Арпад Штербик од голот го предводи тимот на колот во Лигата на Шампиони. Корпулетниот голман имаше брилијантен настап против Кристијанштад кој во Скопје го положи оружјето.
Изборот на најдобрите три ракометарки можете да го погледнете тука, најдобрите пет голови и одбрани тука и тука, додека изборот за тимот на колото во машка конкуренција тука.
Идеалниот тим:
Лево крило: Јонас Калман (Пик Сегед)
Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
Среден бек: Себастијан Скубе (Силкеборг)
Десен бек: Јуре Доленец (Монпеље)
Десно крило: Виктор Томас (Барселона)
Пикер: Михаел Кнудсен (Силкерборг)
Голман: Арпад Штербик (Вардар)
OhridNews