Пред два месеци после ждрепката за осминафиналните двојки во Лигата на Шампиони кога Манчестер Јунајтед го извлече Пари Сент Жермен беше прежален и отпишан. И сега, ПСЖ ја има пред себе фаворитската улога, но во минатите два месеци вртоглаво се променија работите во полза на англичаните.

Во меѓувреме Манчестер Јунајтед направи тренерска промена назначувајќи го Оле гунар Солскјаер за менаџер на местото од Жозе Мурињо. Овој потег го препороди клубот и ја врати довербата помеѓу навивачите, откако фудбалерите забележаа десет победи на последните единаесет натпревари.

  • Со нетрпение го чекав овој дуел. Ќе уживаме ние, сигурно и тие, а навивачите најмногу. Последен натпревар кој со нетрпение го чекав беше дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Рома кој го добивме со 7-1. Во првиот натпревар изгубивме 2-1, а Фергусон уште во соблекувалната во Рим ни рече дека ќе победиме и цврсто веруваше во нас. Сакам и моменталните играчи во клубот да веруваат во себе и да приредиме нова незаборавна вечер на Олд Трафорд. –изјави норвешкиот стручњак Солскјаер.

Норвежанецот не смета дека е предност за Манчестер Јунајтед не играњето на Нејмар и Едисон Кавани кои се на листата од повредени играчи. – Фудбалерите кои ќе ги заменат ќе бидат многу мотивирани и ќе сакаат да се докажат пред тренерот и публиката. Не сметам дека е предност, туку нивна недостаток. Ние си имаме свои адути и едноставно мислиме само на нас.

Избраниците на Томаш Тухел сезонава во ЛШ покажаа дека можат да се носат предизвиците, откако поминаа на првото место низ целта во групата на смртта во која беа Ливерпул, Наполи и Црвена Ѕвезда. „Светците“ и без главните напаѓачи имаат се уште адути во составот.

  • Нема да менуваме ништо што се однесува до тактиката. Вистина ни недостасуваат Нејмар и Кавани, но не можеме да менуваме поради тоа, бидејќи ПСЖ има традиција да негува напаѓачки фудбал. Тешко е да се промени нешто што во е крвта на овие фудбалери затоа ќе играме офанзивно на Олд Трафорд. – изјави Германецот.

Вториот натпревар од денешната програма ќе се одигра на Олимпико во Рим каде ќе се сретнат Рома и Порто. Мечевите започнуваат во 21 часот.

OhridNews