Австрискиот вицепрвак Рапид Виена сензационално го елиминираше Ајакс во последната предквалификациска рунда за влез во Лигата на Шампиони.


„Зелено белите“ во Амстердам славеа со 3-2 и со вкупни (5-4) успеаја да го среда холандскиот гигант кој е редовен учесник во групната фаза од ЛШ.


Фудбалерите на Рапид ќе имаат уште една пречка за влез во групите од ЛШ по пауза од десет години.

Резултати : АПОЕЛ – Митидланд 0-1 (2-1), Молде – Динамо Загреб 3-3 (1-1), Ајакс – Рапид 2-3 (2-2), Монако – Јанг Бојс 4-0 (3-1).

Во заградите се резултатите од првите натпревари одиграни пред една седмица.

Ohridnews