Европскиот првак Реал Мадрид и старо-новиот шампион во Италија, Јувентус на арената во Торино ќе ја отворат полуфиналата фаза во Лигата на Шампиони.
До сега два тима имаат одиграно 16 меѓусебни мечеви во европските натпреварувања. Во блага предност е шпанскиот состав со осум победи додека италијаните имаат една помалку, а еден натпревар завршил без победник.
Секогаш дуелите меѓу шпанскиот и италијанскиот гигант биле со големо значање затоа и предизвика поголема љубопитност од мечот меѓу Баерн Минхен и Барселона.
На „кралевите“ една од осумте победи над Јувентус им донесе титула во Лигата на Шампиони во 1996/97 година кога славеа со 1-0 благодарение на погодокот на Предраг Мијатовиќ.
Пет години подоцна „бјанко-нерите“ во полуфиналето со вкупни 4-3 го елиминираа дрим тимот на Реал Мадрид составен од Зидан, Роналдо, Фиго, Раул и Бекам.
И двете екипи имаат нерасчистени сметки од минатото, а двомечот во 1/2 финалето е нова шанса за наплата.
Ohridnews