Билетите за мечот Металург – Загреб се распродадени по неполни три часа од пуштањето во продажба.

Од клубот велат дека и тие се изненади од брзината на продажбата на
билетите, кои беа и жалат капацитетот на салата е таков каков што е и
нема да може да ги собере сите заинтересирани за овој меч.


Исто така од клубот информираат дека Металург доби допис од ЕХФ во кој
стои дека натпреварот Металург – Загреб е прогласен за меч на неделата.

Тоа значи дека овој натпревар ќе се пренесува во живо на Еуроспорт со
коментатори на англиски јазик кои ќе пренесуваат од салата Борис
Трајковски.

Натпреварот Металург – Загреб се игра в недела од 17 часот.

М.П.