Градските ривали од Мадрид, Реал и Атлетико со најсилните фудбалери во почетните состави ќе се судрат на „Сантијаго Бернабеу“ во првото полуфинале од Лигата на Шампиони.
Кај „кралевите“ недостигна Герет Бејл, но тој поради повреда не е во комбинација, а стратегот Зидан се одлучи за Иско кој игра во маестрална форма последниов период.
Диего Симеоне немаше посериозни проблеми за составување на екипата која ќе истрча на стадионот од големиот ривал кој последните две титули ги освои со победи над „јорганџиите“ во финилињата.
Состави:
Реал Мадрид: Кејлор Навас, Карвахал, Серхио Рамос, Варан, Роналдо, Крос, Карим Бензема, Марсело, Касемиро, Модриќ, Иско.
Атлетико Мадрид: Облак, Диего Години, Филипе Луис, Коке, Гризман, Саул Нигез, Јаник Караско, Габи, Савиќ, Лукас Хернандез, Кевин Гамеиро.
Судија: Мартин Еткинсон (Англија)
OhridNews